Утре – ден на жалост во општина Вевчани

„Општина Вевчани по повод немилиот настан и трагичната смрт на двајцата свои сограѓани го прогласи 16.08.2014 год. (сабота) за ден на жалост.

Со ова се откажани сите планирани културно уметнички, спортски и други активности во општината.“ – стои во соопштението од Општина Вевчани.