7-мо место за мешаниот женско-машки велосипедски тим Литванија/Македонија на Младинските Олимписки Игри

Ново Изненадување од Младински Олимписки Игри 2014 во Нанџин – Кина.

Македонскиот Велосипедски тим составен од Јован Јованоски и Андреј Петровски, доби уште една шанса за да ја покаже својата подготвеност.

Имено, според нам познатиот распоред, како завршница во велосипедизмот остануваше натпреварот на мешаните национални тимови „Жени/Мажи“. Бидејќи женски тим не учествува од Македонија претпоставувавме дека со завчерашниот натпревар за Македонскиот тим завршија натпреварите. Но, следеше изненадување од организаторот, покрај националните тимови кои немаат женски тим, исто така учествуваат женски национални тимови кои немаат машки тим, па затоа комисијата оформува комбинација на мешан женско/машки тим помеѓу нациите. Во оваа комбинација кон нашиот машки тим се приклучува, женскиот тим на Литванија. Крајниот резултат на стартната листа е 22 комплетни тимови од Нациите и уште 8 мешани тимови, севкупно 30 тимови.

MIX – XO1 LTU/MKD е полниот назив на тимот кој е составен од:

LTU Manikaite Ema
MKD Jovanoski Jovan
MKD Petrovski Andrej
LTU Strainyte Ernesta

Всушност натпреварот претставува штафета, секој натпреварувач има за цел да извози еден круг, каде Ема и Јован возат на патеката за планински велосипедизам, а Ернеста и Андреј возат друмски на патеката за хронометар. Времето тече додека не завршат сите четворица. 18 мин. и 16 секунди е времето на сите четворица што ги рангира на високото 7 место. Огромен успех со оглед на тоа дека првично се запознаваа како олимписки другарчиња, и никогаш заедно не тренирале. Овој успех во секој случај е подобрување на пласманот особено за Македонија, ако се земе предвид дека Литванија како женски тим се рангираа на 9-та, а Македонија на 15-та позиција.

MesaniTimoviVelosipedizam2 MesaniTimoviVelosipedizam3

ВК Екодром