Акција за молерисување на просториите во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денес во ОУ  „Св.Климент Охридски“ – Охрид се организира акција за молерисување на просториите во училиштето.

Во акцијата зедоа учество сите наставници, техничкиот персонал, членови на Советот на родители и родителите.

„Во училиштето беа и молерисувани и санирани ходниците и училниците, со цел учениците и првачињата да бидат пречекани во пријатна атмосфера во чисто и весело училиште.“- информира директорот на ОУ„ Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски.