Стотина случаи на рак на тироидна жлезда во Фукушима

Повеќе од 100 лица помлади од 18 години од областа на јапонскиот град Фукушима, имаат рак на штитната жлезда или се на самиот раб од таа болест.

Бројот на потврдени случаи после хируршките интервенции изнесува 56, додека пак останатите 47 сеуште очекуваат подетални анализи, но голема е веројатноста и тие да имаат рак на штитната жлезда.

Испитувањата се извршени врз 300 илјади лица во покраината Фукушима. Експертите велат дека не се пронајдени директни докази дека туморите се последица од несреќата предизвикана од цунамито.

Штитната жлезда впива јод посебно кај децата во развој. Таа жлезда е особено осетлива на радиоактивен јод во случај на нуклеарни несреќи. Поради тоа, во ризични подрачја се препорачува земање на обичен јод, со што превентивно би се заштитила тироидната жлезда.

Јапонската влада неодамна одлучи да дистрибуира јод во населените места кои се најблизу до нуклеарните реактори во Фукушима.