Се поставуваат нови светилки во охридските училишта

Во пресрет на учебната 2014/2015 година но и согласно акциониот план за делување и работа на Секторот за комунален развој,сообраќај и улици при Општина Охрид, денес екипи на Секторот заедно со јавниот приватен партнер вршеа замена на стари и дотраени електрични светилки во основните и средните училишта низ Општината.

Целта на оваа акција е да се овозможи успешен и организиран старт на новата учебна година, посебно за најмалите ученици но и за сите останати.

Надлежните служби во текот на следниве неколку дена редовно ќе интервенира низ сите основни и средни училишта на територијата на Општина Охрид.

svetilki_400