Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата вработен, во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, изнесува 100.3 Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (21.2%), Градежништво (9.6%) и Стручни, научни и технички дејности (7.9%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4.2%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3.7%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.6%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни2014 изнесува 31 061 денари. Во јуни 2014 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.