Кривична пријава за лице од Радолишта поради разбојништво

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Р.К.(35) од с. Радолишта за сторено кривично дело „разбојништво“. На 28.07.2014 година, околу 06,00 часот на ул. „Боро Калајџиески“ во Струга пријавениот со закана со нож извршил разбојништво над вработениот од кој одзел 1.000 американски долари, 2.090 швајцарски франци и 6.000 норвешки круни.