Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, изнесува 100.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (27.2%), Градежништво (10.3%) и Стручни, научни и технички дејности (9.6%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.9%) Информации и комуникации (3.8%), и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.8%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2014, изнесува 21 233 денари. Во јуни 2014 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.