Превезени патници и стоки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2014 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 711 000, во железничкиот превоз 191 000, во градско-приградскиот превоз 22 000 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 349 626.

Во истиот период, во споредба со второто тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 1.6%, во железничкиот превоз за 2.4%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 15.8%.