Двајца мртви при експлозија на пиротехника на свадба во Британија

Две лица загинаа во Еклериџ во областа Кембрија, северозападна Англија кога експлодирале пиротехнички средства за време на свадбената свеченост.

Експлозијата предизвикала паника кај околу 70 гости на свадбата, а пожарникарите кои за брзо време пристигнале на местото на несреќата пронашле две тела, маж и жена, кои најверојатно биле техничари за пиротехнички средства.