СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Втор ден во училишните клупи во охридското село Коњско наместо ученици седат родители, а никој од надлежните не реагира.

Родителите со право протестираат, отакако 1-ви септември им донесе непријатно изненадување.

Во една училница беа седнати три генерации ученици, од прво, второ и трето одделение, да им предава еден учител.

И ова се случува во 21-от век.

Јасно е дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со проблемите во образованието.

Тоа што од буџетските средства на општина Охрид најмала реализација има токму во образованието, укажува колку власта на ВМРО-ДПМНЕ има слух за потребите на учениците и воопшто во оваа област.

Секторот за образование во Охрид Охрид веќе 2 години нема именувано раководител кој треба да се грижи за проблеми што се поврзани со образованието во општината.

Укажуваме дека Охрид се соочува со најмал пораст на новородени деца.

За тоа говори се помалиот број запишани првачиња и драстично намален број на ученици.

Неопходна е целосна промена на политиките во државата што штетно се одразуваат врз подмладокот и младите во земјава.“– се вели во соопштението на ОО на СДСМ Охрид.