Охрид домаќин на „Балкан Рели Маратон“ 2014

Релито кое се вози по планински патеки, а според прописи и стил е како најпознатото светско рели „Дакар“ оваа година финишот ќе му биде во Охрид. Стартот на релито е денес, од Бугарија, а во Македонија доаѓа на 8 Септември на граничниот премин Делчево. Стартот ќе го означи еден од најпознатите возачи од ваков тип на рели Жан Луис Шпезер кој се очекува да пристигне и во Охрид. Предвидено е да се вози низ повеќе населени места и планински патеки низ Македонија. На меѓународниот рели натпревар ќе се возат околу 2.000 км, а учествуваат 60 возачи од повеќе земји меѓу кои: Македонија, Бугарија, Србија, Италија, Холандија, Австрија, Хрватска, Полска, Чешка и Франција.

Учесниците во релито поголемиот дел од 2 000 километарската патека ќе ја возат по макадамски планински патишта, а ќе се вози и по улици за редовен сообраќај.

Финишот ќе биде на 11 Септември пред хотелот „Ривиера“, каде ќе се доделат и медалите за најдобрите и на победникот на релито добива учество во „Африка Еко Рели“ – старата патека на познатото рели „Дакар“.