Од ебола починале повеќе од 2000 лица

Светската здравствена организација во Женева соопшти дека од ебола во Западна Африка починале повеќе од 2000 лица, а дека околу 4000 се заразени во три земји кои се најпогодени.

Од ебола во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале 2097 лица, додека регистрирани се 3944 заболени, соопшти СЗО. Во овој биланс не се вклучени Нигерија, Сенегал и Конго каде исто така има заболени од ебола.

СЗО соопшти дека основа кризен центар за ебола, со цел за спречување на пренесување на болеста во загрозените земји во наредните шест месеци.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, истакна дека итно се потребни 600 милиони долари за борбата против ебола во Западна Африка.