Озонската дупка престана да се шири

Озонската обвивка почна да ги покажува првите знаци на опоравување. Според експертите кои ја следат состојбата со озонската обвивка, добрата вест е тоа што озонската дупка престана да се шири, но за да започне нејзиното намалување ќе бидат потребни околу 10 години.

Благодарение на Протоколот од Монтреал од 1987 година, со кој беше забранета употребата на хемикалиите кои му штетат на озонот, до 2030 година тоа може да спаси околу 2 милиони луѓе годишно, да не заболат од рак на кожата.