ЈП „Градски гробишта“ издава времени објекти под закуп

ОГЛАС БР. 03/2014
ЗА УСНО ЈАВНО НАДАВАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ – ТЕЗГИ ЗА ПРОДАЖБА НА ЦВЕЌЕ

ЈП „Градски Гробишта“ издава под закуп времени објекти – тезги во кругот на Градските Гробишта
1. Опис и локација

По втор пат се издаваат 2 времени објекти – тезги лоцирани на влезот на Градските Гробишта означени со редни броеви 4 и 5 и тоа од чуварската куќичка спрема гробиштата.

2. Почетна цена

Почетната цена за тезга со реден број 4 изнесува 6.000,оо денари месечно;
Почетната цена за тезга со реден број 5 изнесува 5.000,оо денари месечно;
Во цената не е вклучен ДДВ

3. Висина на паричен депозит

За учество на јавното наддавање заинтересираните странки треба да платат депозит во висина од 20.000.оо денари за секоја тезга поединечно, на
Жиро сметка : 250001002709966 Шпаркасе банка
Даночен број: 4020010514318
Депозитот е неповратен за избраниот субјект и ќе биде засметан во постигнатата цена, а додека на останатите субјекти ќе им се врати во рок од 30 дена од денот на јавнотот надавање.
Краен рок за уплата на депозитот е 2 дена пред јавното надавање.

4. Општи и посебни услови

На јавното надавање можат да учествуваат правни и физички лица регистрирани за дејноста за која што се наменети времените објекти – тезгите.
Времените објекти – тезгите ќе се издаваат на краткотраен закуп за времетраење од 5 години.
Понудувачите треба да достават писмена пријава која ќе содржи:

– број на тезга- тезги за која што пријавениот е заинтересиран;
– првична писмена понуда за тезгата изразена во денари ;

Покрај ова понудувачите треба да достават и:

– доказ за регистрирана дејност, решение од Централен регистар за правни лица, а за физички лица Уверение или потврда од Централен регистар односно Министрество за земјоделство шумарство и водостопанство;
– доказ за уплатен депозит;
– едно правно или физичко лице може да лицитира и за двете тезги;
– плаќањето на закупот за времени објекти – тези ќе се врши на рати, по динамика која ќе биде прецизно утврдена во Договорот за закуп кој ќе се склучи со најповолниот понудувач.
– најповолниот наддавач кој нема да пристапи кон склучување на договор во рок од 5 дена по извршената лицитација го губи правото на враќање на паричниот депозит;
– кога најповолниот наддавач не пристапи кон склучување на Договор во утврдените рокови следно рангираните по редослед наддавачи што ги исполниле условите и ја наддале почетната цена на јавното надавање, стекнуваат статус на најповолен наддавач и можат да пристапат кон склучување на Договор;
– на јавното надавање не може да учествува правно или физичко лице кое не ги исполнува условите од огласот;
– на денот на јавното надавање учесниците се лигитимираат со лична исправа ( лична карта или патна исправа) и уредно овластување/полномошно за учество на Огласот;
– кога на јавното надавање се јави само еден наддавач кој ги прифаќа условите од огласот и ја нададе почетната цена стекнува статус на најповолен понудувач и со него ќе биде склучен Договор за закуп;

5. Критериум за избор на најповолна понуда

– Критериум за избор на најповолна понуда е највисоко понудена цена на јавното усно надавање за закуп на времени објекти – тезги.
Минимална вредност со која може да се лицитира изнесува 1.000,оо денари, а максималната вредност со која може да се лицитира е 2.000,оо денари.
Доколку два или повеќе наддавачи понудат иста цена изборот на најповолен закупувач ќе се изврши со ждрепка.
Понудувачот пријавата – понудата и потребаната документација ја доставува во затворен плик со ознака : Понуда за оглас бр.03/2014 Издавање под закуп на времени објекти – тезги на следната адреса ул. 15ти Корпус бб 6000 Охрид најдоцна до 24.09.2014 год. до 12.00 часот, дирекно на рака во архивата на ЈП Градски Гробишта.
Јавното надавање ќе се изврши на 24.09.2014 година во 12.30 часот во административните простории на ЈП Градски Гробишта.
Понудите кои нема да ги исполнуваат горенаведените услови ( точка 4 од Огласот) нема да бидат земени во предвид.

ЈП Градски Гробишта Охрид
Директор
Дипл.инг.Зоран Симоноски