Огромен пад за Македонија според најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија забележа огромен пад од дури -36 места и сега се наоѓа на 112-то место според најновата ФИФА рејтинг листа. За овој пад на нашата репрезентација „заслужен“ е големиот пораз од 5:1 кој ни го нанесе Шпанија во рамките од квалификациите за Европското првенство 2016 година.

На врвот на ФИФА рејтинг листата и понатаму се наоѓаат Германија и Аргентина, додека пак промена има на третото место каде се наоѓа Колумбија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Гватемала, со скок од +77 места се најде на 57-то место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Того од -38 места и се најде на 125-то место.

WebOhrid