Утре ќе се подигнува кабаст отпад од УЗ 8 „Билјанини Извори“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре, 20-ти септември (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 8 „Билјанини Извори“.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.