Охридски староградски средби 2014

Со дефиле на учесниците по охридските улици и краткотрајно нивно претставување на отворено на две локации, кај градскиот плоштад и стариот чинар, вечерва започнаа Охридските староградски средби 2014.

Во Големата сала на Центарот За култруа „Григор Прличев“ настапија  Градското мандолинско друштво „Свети Никола“- Свети Николе , Здружение на пензионери Охрид и Дебрца, Дом на култура „Иван Мазов – Климе”- Кавадарци, Здружение на пензионери на општина Штип и Карбинци , Октет – Прилеп, НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, Група „Орнаменти“ – Штип , Здружение на пензионери „Куманово” – Куманово, КУД ,,Пере Тошев” – Прилеп, Група ,,Сарај” – Охрид, Центар за култура – Неготино, Здружение „Распеани Велешани”-Велес , Хорот при НУ Центар за култура ,,Григор Прличев”-Охрид

Организирањето на манифестацијата е овозможено со финансиска помош на Министерството за култура на Р. Македонија.

This slideshow requires JavaScript.

А. Андриоски