Индекси на работниците во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2014 година, во однос на август 2013 година, изнесува 109.1.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи опаѓање од 3.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11.1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9%, Капитални производи за 104.7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4.7%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2014 година, во однос на периодот јануари – август 2013 година, изнесува 107.4.