Тројца грчки војници загинаа при експлозија на граната

Тројца грчки војници загинаа, а еден е тешко повреден при експлозија на граната од минофрлач на воениот полигон Глафира Магнесија во Грција.

Грчкото министерство за одбрана соопшти дека е прогласена тридневна жалост во редовите на вооружените сили, како и дека во тек е истрага која ќе ја водат експерти од министерството.