Со бројни активности одбележана детската недела во ОУ „Св. Климент Охридски“

Со низа активности  во ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид се одбележа Детската недела, во кои беа вклучени учениците од училиштето.

„Во текот на цела седмица од 6-10 октомври се организираа денови за поетско творење на тема „За сите деца“, ликовно изразување со мотиви поврзани со Детските права и спортски ден исполнет со детски игри и натпреварувања. Се проследи и театарската претстава „Пат околу светот“.“– вели директорот на ОУ „Св,Климент Охридски“, Јорданн Пуроски.

Со пригодна, свечена програма се заокружија активностите во рамките на Детската недела на која првачињата дадоа свечено ветување и станаа членови на Детската организација.