Меѓународен ден за намалување на катастрофи

Со резолуцијата 44/236 од 22 декември, 1989 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја назначи втората среда од октомври за Меѓународен ден за намалување на природни катастрофи, на годишно ниво во текот на Меѓународната декада за намалување на природни катастрофи, 1990-1999.

Со резолуцијата 64/200 од 21 декември 2009 година, Генералното собрание одлучи да го назначи 13 октомври како датум за одбележување на Денот и да го промени неговото име на Меѓународен ден за намалување на катастрофи. Целта на одбележувањето е да се подигне свеста за тоа како луѓето преземаат мерки за намалување на ризикот од катастрофи.

Оваа година фокусот на Меѓународниот ден за намалување на катастрофи (IDDR) е на постарите луѓе. Денот ја нагласува потребата за поинтензивен пристап на постарите луѓе во намалувањето на ризиците од катастрофи. Тој ја препознава клучната улога која тие можат да ја имаат во подоброто планирање и разбирање на ризиците од катастрофи, и како тие можат да помогнат за градење на нивните заедници преку нивното искуство и знаење. IDDR 2014 ќе се фокусира на придонесот на постарите луѓе сега, исто така и за периодот по 2015 година, рамката за намалување на ризиците од катастрофи.