Противпожарна обука за учениците од ОУ „Григор Прличев“

Учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ денес имаа можност поблиску да се запознаат со професијата пожарникар и начинот на гаснењето на пожарите. Тие заедно со пожарникарите практично ја изведоа постапката при пожар во училиштето, научија дека чадот секогаш оди нагоре и дека при пожар, секогаш, без паника треба да се движат наведнати или со клекнување.

Учениците беа воодушевени од демонстрацијата на пожарникарската опрема и личната заштитна облека и се интересираа кои се начините за гаснење на огнот. На учениците им беше објаснато дека при пожар или друга опасна ситуација можат да го побараат телефонскиот број 193, но им беше нагласено дека овој број не смее да се злоупотребува.

Овие обуки, преку кој се подигнува свеста на најмладите за опасностите од пожари, се дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески и ќе се реализираат во сите основни и средни училишта во општина Охрид.