Благодарница од маратонците од Ултра Маратонот Тоше Проески

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ја прими спортската делегација предводена од Наумче Капрически која го трчаше Ултра Маратонот „Тоше Проески“.

Капрически во името на маратонците и фановите на Тоше Проески во чест на благодарност на Агенцијата за млади и спорт му подари плакета на Директорот Спасески за поддршката што АМС ја дава за ултра маратонот кој по седми пат се оддржа од Нова Градишка до родното место на Тоше, Крушево.

Директорот Спасески ги поздрави маратонците и истакна дека Агенцијата за млади и спорт нема никогаш да го заборави ликот и делото на Тоше Проески.

„Агенцијата за млади и спорт беше и остана горда на Тоше Проески. Делата што Тоше ги правеше никогаш нема да бидат заборавени. Му благодариме на Тоше што ни ја остави спортската химна “Македонија Навива за Вас” со што придонесе секогаш кога ќе ја слушнеме на спортските арени, да ја бодриме Македонија и да се сеќаваме на нашиот Тоше” – заврши Спасески.

Воедно, седмата годишнина од смртта на Тоше Проески ја одбележи овој меѓународен ултра маратон од Нова Градишка до Крушево и од година во година е се помасовен зближувајќи го целиот регион.

Ams Tose ultra maraton 2