Основци од „Христо Узунов“ – дел од обуката за превенција од пожари

Учениците од ОУ „Христо Узунов“, вчера беа дел од обуката на Територијалната противпожарна единица од Охрид за превенција од пожари.

„Целта беше најмладите да се запознаат со основните постапки и со важноста од противпожарната заштита, како во училиштето така и во домовите.“ – вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

Инаку, овие обуки се одржуваат да ја подигнат свеста на најмладите за опасностите од пожари.