Вардар 32-26 Татран Прешов

Ракометниот клуб Вардар на домашен терен во Спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, во рамките од СЕХА лигата, го пречека Татран Прешов од Словачка.

Самиот факт што Вардар уште на почетокот од овој натпревар дојде до предност од 5-0, доволно зборува за сериозниот пристап и желбата за победа на нашиот тим. Од тој момент гостите ја стабилизираа играта и колку-толку почнаа да постигнуваат по некој гол. Но, фаворитот беше Вардар, со подобра игра, помалку грешки и се разбира со повеќе постигнати голови. На полувреме Вардар замина со предност од 6 голови со резултат 18-12.

Во второто полувреме, на самиот почеток се играше рамноправно, наизмечнично беа постигнати по 3 голови на обете страни, за Вардар да ја преземе иницијативата и да дојде до предност од дури 9 голови. Следуваше пад на концентрацијата кај нашите ракометари и гостите успеаа да направат серија од 4 постигнати голови. Но, Вардар повторно се врати во ритам, и успеа да ја одржува предноста од 6 голови во текот на целото второ полувреме, за победа од 32-26.

WebOhrid