Ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот на „Преподобна Параскева“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27-ми октомври, (понеделник), во манастирот „Света Петка“, с. Велгошти – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Параскева“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.