Утре премиерна изведба на претставата „Детектор за лаги”

Охридскиот народен театар утре(29-ти октомври), со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе ја прикаже театарската претстава „Детектор за лаги“, во режија на Ненад Витанов, а текст од Василиј Сигарев.

Играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Сценографија: Филип Коруновски, Костимографија: Александра Крнинова Груев. Влезот чини 150 денари.

Реприза на претставата ќе има на 30-ти октомври (четвротк), со почеток во 20.00 часот, а влез ќе чини 100 денари.