Акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Свети Наум

По налог на општинскиот инспекторат ЈП „Охридски Комуналец“ повторно организира акција за расчистување на расфрланиот отпад околу магистралниот пат Охрид-Св.Наум.

Расфрланите отпадоци (хартија, пластика, лименки и друг вид отпад) се расчистуваат од тревниот дел покрај коловозните ленти, а акцијата ќе се реализира етапно и ќе продолжи и во наредната седмица, заради должината на делницата. Во акцијата се ангажирани пет комунални работници и механизација.

Потребата од реализирање на вакви акции е неминовност која произлегува од ниската култура на поединци заради кои се стекнува генерален погрешен впечаток за хигиената на оваа делница. Не смее да дозволиме ваквите слики да ги бодат очите на туристите на оваа најфрквентна делница, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.