Дронови летаат над француските нуклеарни централи

Над неколку нуклеарни централи во Франција биле забележани беспилотни летала – дронови, но никој не знае кој и зошто управува со нив.

Француските власти не ги идентификувале сопствениците на тие летала кои се забележани седум пати над нуклеарните централи, кои произведуваат скоро три четвртини од електричната енергија во Франција.

Организацијата „Гринпис“, чиј активист неодамна надлетал со параглајдер над една нуклеарна централа, изјави дека тие немаат никаква врска со дроновите. Тие дури истакнаа дека летањето на дроновите над нуклеарните централи претставува опасност за самата централа.

Според француските закони, летањето над нуклеарните централи не е дозволено на растојание од помалку од илјада метри над нив и во пречник од 5 километри околу нив.