Пронајдено и одземено оружје кај лице од Дебар

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава  против  А.М. (33) од Дебар.

На 5-ти овој месец, при претрес во неговиот дом во Дебар, полициските инспектори пронајдоа една автоматска пушка и два оквири со дваесет куршуми калибар 7.62 милиметри долго зрно. Автоматската пушка била сокриена во бела јутена вреќа оставена во дворното место под метално буре во близина на  влезната метална порта.

Одземеното огнено оружје и муницијата се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.