Хрватска не наоѓа пат до просперитет во ЕУ

Британската агенција Ројтерс објави напис кој гласи: „Хрватска не наоѓа пат до просперитет во ЕУ“, во кој се наведени анализи за состојбата на Хрватска по влегувањето во Европската Унија.

Според анализите, Хрватска не видела никаков напредок каков што оствариле земјите кои влегоа во Унијата во 2004 година, кога економијата била во подем. Со економија која од 2008 година до денес забележала пад од 13%, Хрватска се наоѓа веднаш зад Грција, а овој негативен тренд би можел да продолжи и во 2015 година, па според тоа Хрватска би можела наскоро да бара финансиска помош од Европската унија.

Во написот е наведено дека знаци на сиромаштија има насекаде, тргнувајќи од многубројните празни деловни простории во Загреб, а аналитичарите не можат да ја разберат неспособноста на Хрватска максимално да го користи членството во ЕУ кое нуди повеќе од 10 милијарди евра со фондовите за инфраструктурни и развојни проекти до 2020 година.