Светски ден на науката за мир и развој

Светскиот ден на науката за мир и развој е прогласен на Генералната конференција на УНЕСКО (Резолуција 31C/20) во 2001 година.

Темата за оваа 2014 година е: Квалитетно научно образование: обезбедување на одржлива иднина за сите.

Целта на Светскиот ден на науката за мир и развој е да се обнови националната, како и меѓународната посветеност на науката за мир и развој и да се укаже за одговорно користење на науката за доброто на општеството. Светскиот ден на науката за мир и развој, исто така има за цел подигнување на јавната свест за важноста на науката и да го премости јазот помеѓу науката и општествата.