Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2014 година изнесува 1 430 755 илјади денари што претставува зголемување за 7.8% во споредба со септември 2013 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 5.9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 10.6%.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, фуражните растенија, грозјето, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување се забележува кај индустриските и градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци и добитокот.