Спречен нелегален транспорт на огревно дрво сокриено под сено

Околу два метри просторни буково дрво пронајдоа полициските службеници сокриени под бали сено во товарно моторно возило марка „Застава“ со охридски регистарски таблици.

Б.Г. (53) од Охрид кој го управувал товарното возилото вршел нелегален транспорт на огревното дрво односно за истото не поседувал соодветна документација. Тој над буковото дрво кое го натоварил во возилото, ставил повеќе бали сено и се обидел така сокриено и без документи нелегално да го транспортира. Дрвата и товарното возило се одземени и со записник предадени на шумската полиција.

Сообраќајната полиција го сопре товарното возило вчера во 12 часот и 40 минути на булеварот „Железничка“ при контрола на сообраќајот и преземање мерки по акцијата „Гора“.

SkrieniDrvaPodSeno01 SkrieniDrvaPodSeno02 SkrieniDrvaPodSeno03