20 Ноември – Универзален ден на детето

На 14 декември 1954 година, Генералното собрание на ОН препорача дека сите земји треба да воведат годишен настан од 1956 година познат како Универзален Детски ден со цел да се поттикне братството и разбирањето помеѓу децата во целиот свет и унапредување на благосостојбата на децата. На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември, 1989 година, ја усвои и Конвенцијата за правата на детето. Од 1990 година, како Универзален Ден на детето се одбележува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Конвенцијата за правата на децата и Декларацијата за правата на детето.

Целта на Обединетите нации со воведување на овој ден на детето е да го привлечат вниманието за значењето на благосотојбата на децата низ целиот свет. Во 2013, претставници на Обединетите нации ги повикале сите земјите членки, кои не ја ратификувале Конвенцијата за правата на детето и нејзините Факултативни протоколи, да го направат тоа, истакнувајќи дека тој чекор е од витално значење за заштита на децата од злоупотреба и насилство во целиот свет.