Светски ден на телевизијата

Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 21 ноември како Светски ден на телевизијата (преку резолуцијата 51/205 од 17 декември 1996 година). Телевизијата има зголемено влијание со тоа што вниманието на светот е насочено кон конфликтите и заканите за мирот и безбедноста, како и улогата која е фокусирана кон многу други големи прашања, вклучувајќи ги економските и социјалните прашања.

Светскиот ден на телевизијата не е насочен толку многу кон прославување на овој ден, туку кон филозофијата која што ја претставува. Телевизијата претставува симбол за комуникација и глобализацијата во современиот свет.