Започна пријавувањето за учество во проектот „Бадниково навестување за раѓањето на Христос“

Се известуваат сите деца дека започна пријавувањето за учество во проектот „Бадниково навестување за раѓањето на Христос“.

Целта на овој проект е повторно заживување на некогашната стара, изворна, духовна традиција за прослава на празникот, прославен со поворка, која традиционално се прави на Бадник.

Имено станува збор за поворка во која ќе учествуваат дечиња, како своевидна праслика на ангелите кои со пештерата на раце симболично ќе го навестуваат раѓањето на Синот Божји, пеејќи ја некогашната стара коледарска песна „Вечниот Бог“. Дечињата исто така ќе носат и фенерчиња во раце, симболизирајќи ја вечната светлина, а ќе носат и торбички кои се специјално изработени за оваа прилика.

Децата кои ќе учествуваат во оваа манифестација ќе добијат божикни подароци.

Пријавување кај Снежана Петреска на тел. 071 724 309

Рок за пријавување: до 29 ноември 2014 г.