Пронајдена дрога во ранец кај лице од Дебар

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ф. од Дебар, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 02.08.2014 година, во 20,20 часот во Охрид од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот при што во неговиот ранец се пронајдени најлонско пакување со 3,95 грама марихуана и две таблети „МДМА“.