Зголемен бројот на превезени патници и стоки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 929 000, во железничкиот превоз 208 000, во градско-приградскиот превоз 19 669 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 428 284.

Во истиот период, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 13.2%, во железничкиот превоз за 21.3%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 96.4%.