Привршуваат работните активности на теренот за фудбал со вештачка трева

Градоначалникот Никола Бакрачески , денес на лице во место во СРЦ „Билјанини извори“, констатираше како се одвиваат градежните активности на теренот за фудбал на вештачка трева кои се при крај и ги даваше финалните инструкции пред конечното ставање во употреба на ова игралиште.

На теренот веќе се поставени вештачката трева и заштитната ограда по должината на целиот стадион. Поставени се рабници и бехатон плочки на местата за маркирање на граничниот појас помеѓу стадионот и останатата површина а деновиве се уредува и просторот кој е во непосредна близина пред влезот на теренот.

terenvestackatrevains4854

Како што е веќе познато,теренот на вештачка трева е донација од Европската куќа на фудбалот УЕФА,а за сите пропратни активности на и околу теренот финансиските и градежните обврски се на товар на општина Охрид.

Со реализацијата на проектот, Охрид ќе го има најсовремениот фудбалски терен на вештачка трева кој може да биде магнет за развивање на спортски туризам и подготовки на голем број, пред се фудбалски екипи во зимскиот и летниот припремен период.

terenvestackatrevains4851