Меѓународен ден на лицата со хендикеп

Меѓународниот ден на лицата со хендикеп е означен ширум целиот свет секоја година на 3 декември, според резолуцијата 47/3 на Генералното собрание на Обединетите нации од 14 октомври 1992 година, за поттикнување на свеста, развој и поддршка за критичните прашања кои се однесуваат на вклучување на лицата со хендикеп во општеството.

Низ историјата на човештвото, технологијата се адаптира на начинот на кој луѓето живеат. Денес информатичките и комуникациските технологии особено имаат големо влијание врз секојдневниот живот на луѓето. Сепак, сите луѓе немаат пристап до технологија и до повисок животен стандард кој го дозволува тоа.

Околу една милијарда луѓе во светот живеат со некаков хендикеп, 80% од нив живеат во земјите во развој, а користењето на технологијата е клучна за да се помогне за целосно и еднакво учество на лицата со посебни потреби. Во рамките на темата „Одржлив развој: Ветувањето на технологијата“, овогодинешниот Меѓународен ден на лицата со посебни потреби ќе биде насочено кон ова прашање во контекст на пост-2015 развојната агенда.

Во седиштето на ОН, претставници од земјите-членки, системот на ОН, граѓанското општество и приватниот сектор, ќе разговараат за тоа како напредокот на технологијата може да се искористи за да се подобри животот на лицата со хендикеп.