Отворена изложбата „Охрид – Слики од минатото“

Во рамки на празнувањата посветени на Св. Климент Охридски -Патрон на градов, вечерва во изложбениот салон на МАНУ во куќата на Уранија свечено беше отворена изложбата на фотографии „ Охрид-слики од минатото“ , подготвена од истоимената Фејсбук група.

Во име на градоначалникот Никола Бакрачески , присутните ги поздрави советникот во Совет на општина Охрид , Климе Шешоски.

„Благодарение на развојот на социјалните мрежи, група вљубеници на стари фотографии од Охрид , на Фејбук ја формираа групата „ Охрид- слики од минатото“ . Со тоа на пошироката јавност и беше овозможено да види стари фотографии кои како што велат долги години биле грижливо чувани во приватните архиви. Отворањето на оваа страница предизвика и многу млади луѓе да ги натераат своите родители или нивните баби и деовци да ги отворат семејните албуми , да најдат некоја фотографија и да ја постираат на Фејбук преку групата „ Охрид- слики од минатото“ .Мора да се потенцира дека со овој проект повеќекратно се зголеми бројот на стари фотографии од Охрид , кои покрај другото можат да послужат за подготовка на монографии или други изданија“, потенцира Шешоски.

Вечерашната изложба во куќата на Уранија беше посетена од бројни охриѓани, вљубеници во убавите фотографии.