Театри, филхармониja и професионални ансамбли за народни игри и песни

Според податоците на Државниот завод за статистика, во сезоната 2013/2014 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 5.7%, а бројот на посетителите е зголемен за 0.8% во однос на сезоната 2012/2013 година.

Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 205.

Во периодот 2013/2014 година, во однос на периодот 2012/2013 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 6.6%, а бројот на посетителите е намален за 18.6%. Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е зголемен за 10.7%, а вкупниот број на посетителите е зголемен за 3.3%.

Во периодот 2013/2014 година, во однос на периодот 2012/2013 година, бројот на концертите на Филхармонијата е ист, а бројот на посетителите е намален.

Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2013/2014, во споредба со 2012/2013, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти), а бројот на посетителите е намален.