Пет ракометни тренери од Охрид по теркот на EHF

Пет ракометни тренери од Охрид успешно го завршија првиот модул во обуката според принципите на RinckConvension. Стручниот штаб на женскиот ракометен клуб „Моби Дик“ Билјана Богданова – Смилевска, Јованка Јованоска, Филип Јовановски и Атанас Поп – Стефанија, како и Александра Џамтоска од академијата на Металург во Охрид се првите ракометни тренери од Охрид кои ја добија лиценцата од првиот модул без која во иднина нема да можат да се водат ракометните екипи.

Обуката беше организирана во два дела. Првиот се одржа во Дојран, додека вториот дел беше организиран минатиот викенд на Факултетот за физичка култура во Скопје. Во рамки на обуката, ракометните тренери следеа предавања од реномирани професори, а изведуваа и практична настава.

Петте ракометни тренери од Охрид беа дел од првата група лиценцирани тренери по теркот на Европската Ракометна Федерација. Вкупно 25 тренери од Македонија ја добија оваа лиценца, а покрај охридските стратези во групата беа и големи ракометни имиња како Анџела Платон, Гоце Макалоски, Тања Андрејева, Драгана Пецеска, Александар Царчев, Александар Зарков, Кире Попоски, Иван Маркоски.

Следниот чекот кон скалата за обука на ракометни тренери е вториот модул додека врвот на обуката е лиценцата за Master Coach со која можат да се водат екипи во Лигата на шампионите како и ракометни репрезентации.

RakometTreneriOhridEHF2