Ставрески: Над илјада барања дневно за откуп на дворните места

Граѓаните имаат голем интерес за откуп на дворните места. Рокот за поднесување на барањата истекува на 15 овој месец. Канцелариите на Управата за имотно правни работи ќе имаат продолжено работно време во наредните неколку работни денови.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оговарајќи на новинарско прашање при денешната работна посета на Општина Василево.

„Уште неколку дена останаа до завршување на рокот за доставување барање за откуп на дворните места по цена од едно евро за метар квадратен. Интересот е голем. Имаме над илјада барања дневно,“ изјави вицепремиерот Ставрески.

Апелираше до граѓаните да ги искористат овие последни неколку дена да го откупат своето дворно место по цена од едно евро за метар квадратен. Тој потенцира дека Управата за имотно правни работи е подготвена да ги прими барањата од граѓаните и ќе работи до 19 часот секој ден.