Хитлер починал 1962 година во Аргентина

Адолф Хитлер и Ева Браун не извршиле самоубиство во 1945 година, туку побегнале во Аргентина и таму живееле со своите две ќерки. Ова го тврдат британскиот воен историчар Жерард Вилијамс и публицистот Сајмон Данстен.

Во книгата „Сивиот волк: Бегството на Адолф Хитлер“, овие тврдења се поткрепени со документи од ЦИА, ФБИ и МИ-5, но и сведочења на повеќе луѓе.

Вилијамс и Данстен наведуваат дека Хитлер починал во Аргентина 1962 година и дека на неговиот погреб присуствувале многу „исчезнати“ нацисти, додека пак датумот на смртта на Ева Браун не е наведен. Според нивните зборови, нивните ќерки и ден денес живеат во Аргентина.

Дел од историчарите овие тврдења ги нарекуваат шпекулации, но има и дел од нив кои велат дека нема доволно цврсти форензички докази за нивното самоубиство во 1945 година, туку се се сведува на тогашните изјави од нивните преживеани соработници.