ЛДП: Дали постапката со поставување на лизгалиште беше спроведена и минатата година?

ОО на ЛДП Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„ЛДП е задоволна што службите на општина Охрид, веројатно увидувајќи на укажувањата од страна на советникот од редовите на ЛДП -Охрид, за коректно спроведување на процедурите околу поставувањето на лизгалиштето, вродија со плод. Повеќе од очигледно е дека постапката која се спроведува оваа година за поставување на лизгалиштето не е ни налик на онаа од претходната, за која пак постојано тврдеа дека е во рамките на правилата и процедурите.

Како партија со наш претставник во советот на Општина Охрид чувствуваме морална победа, а највисоката цел е тоа што со ваквиот начин на дејствување од страна на советниците од опозицијата се заштитува интересот на граѓаните за што впрочем се и избрани.

Од друга страна, јавноста знае дека советникот Блажески поставеното прашање и борбата за запазување на процедурите го чинеше тужба за клевета односно барање од страна на секретарот Спасески 300.000 денари за претрпен душевен бол, за што се очекува пресуда овие денови.

ЛДП го прашува секретарот Спасески, имајќи го предвид јавниот оглас кој што е објавен оваа година за поставување на лизгалиштето, дали оваа постапка , на ист ваков начин беше спроведена и минатата година и конечно да и објасни на јавноста која постапка е правилна а која погрешна?

ЛДП, овој пат, го поздравува ретерирањето од страна на службите на Општина Охрид затоа што е во во интерес на граѓаните и бара да се покаже доследност, да не се води лична битка и да се одговори на поставеното прашање во интерес на јавноста.“- стои во соопштението на ЛДП Охрид.