Општина Охрид: Постапките спроведени минатата година и оваа година се тотално различни

Во врска со соопштението на ОО на ЛДП Охрид, денес реакција испрати Оппшина Охрид, во која стои:

„Не сме изненадени од фактот што мала политичка партија во обид за ситни маркетиншки поени втора Новагодина по ред како новогодишна желба за популизам излегува во јавност со не вистинити, не точни, не аргументирани и воопшто законски не поткрепени изјави во однос на процедурата за поставување на лизгалиште на Градскиот плоштад. Нас не не’ зачудува непознавањето на законската регулатива од страна на политичките партии сателити на претходната локална власт затоа што доколку навистина ја познаваа правната процедура сигурно ќе му сугерираа на нивниот градоначалник да не прави толку многу правно – процедурални грешки во текот на неговите два мандати.

Во секој случај наша обврска е пред јавноста како и секогаш, транспарентно да ги образложиме нашите постапки, а веруваме дека од одговорот поука ќе извлече и единствениот претставник на опозицијата кој се занимава со оваа тема во насока да се искористува овој проект и следствено на тоа може да се донесе заклучок дека тој е единствениот граѓанин на Охрид на кого му смета поставувањето на лизгалиштето во Охрид.

Лизгалиштето поставено во минатата година се покажа како повеќе од успешен проект на Локалната самоуправа од причина што многу охриѓани за прв пат имаа можност да искусат лизгалиште со сите придобивки кои ги нудат лизгачките спортови. Бројните насмевки и убави моменти поминати на лизгалиштето се најдобра потврда на успешноста на овој проект.

Во однос на процедуралниот дел сакаме да истакнеме дека постапките спроведени минатата година и оваа година се тотално различни односно се работи за два различни концепти или модели за изнаоѓање на приватен партнер кој ќе постави лизгалиште на Градскиот плоштад. Минатата година Секторот за туризам и локален економски развој со цел презентација на лизгачките спортови на Градскиот плоштад, популаризација на истите и нивно искористување во туристички цели, успеа да пронајде партнер врз кој што договор за деловно техничка соработка договорија соработка и лизгалиштето беше поставено на Градскиот плоштад.

Јавниот интерес на Охрид и охриѓани беше заштитен со тоа што покрај трошоците за потрошена електрична енергија и комунална такса ги исплати, беше обврзан да обезбеди повеќе од 15 000 бесплатни термини за сите учесници од основните и средни училишта и деца од социјално ранливи категории, а картата за користење на лизгалиштето да не биде повисока од 100 денари.

Имаше случаи на општини во Република Македонија кој што давале субвенција на приватни оператори само за да постават лизгалиште на нивна територија. Во овој случај општина Охрид лизгалиштето го доби на бесплатно користење. Оваа година Секторот за туризам и локален економски развој со допис го извести градоначалникот дека не успеал да пронајде партнер кој би оперирал со лизгалиштето по истите услови од минатата година и за таа цел побара да објави јавен оглас преку кој ќе даде можност идниот партнер комерцијално да работи со лизгалиштето.

На општина Охрид покрај другите трошоци за комунална такса и електрична енергија да и го надомести и закупот и повторно да предложи програма за бесплатни термини за ученици и деца од социјално ранливите категории.

Од сите горе наведени активности јасно се гледа дека ова се два различни модели и обидите на опозицијата може да се квалификуваат единствено како обид за ситни политички поени. За нивното не знаење, за жал ние не може ништо повеќе да сториме освен да се обидеме со вакви прецизни одговори дел да им објасниме.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.