Македонија на 100 место според најновата ФИФА рејтинг листа

Репрезентацијата на Македонија забележа скок од 3 места и се наоѓа на 100 место според најновата ФИФА рејтинг листа.

На врвот на ФИФА рејтинг листата и понатаму се наоѓа водечката тројка Германија, Аргентина и Колумбија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Руанда, со скок од +22 места се најде на 68 место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Куба од -34 места и се најде на 113 место.

WebOhrid